Пукање во Турско маало во Струмица, момче со лисици им избега на полицајци

by Fokus

Полицајци во цивилка пукале во воздух откако се обиделе да приведат момче во Турското маало во Струмица, објави А1он.

Според информациите, немирите се случиле околу 18:00 часот на улицата Бетовенова, кога двајца инспектори во цивилна облека дошле да приведат осомничено лице. Тие пред момчето се претставиле дека се инспектори од МВР и по неколку минути расправија му ставиле лисици.

Толпата народ што се собрале, не дозволиле момчето да биде приведено. На местото во Турско маало дошол и началникот од СВР Струмица, при што осомничениот бил ослободен.

ОД МВР велат дека настанот не е затворен, но потврдија дека двајца инспектори наишле на отпор при обид да приведат осомничено лице. Велат дека инспекторите биле физички нападнати при што испукале куршуми во воздух за да ја заплашат масата народ.

При судирот инспекторите се здобиле со повреди и се пренесени во општата болница во Струмица.

Фото: Телма

Поврзани новости