Заев ќе поддржи закон за амнестија за оние кои директно не тепале и не биле внатре во Собранието

by fokus

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Алсат М го разјасни својот став што значи помирувањето во Парламентот.

-Сите што не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето. Тоа може да биде закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности. Тоа не е мешање во судството, Парламентот има свои надлежности, рече Заев.

Поврзани новости