Заев: Ќе останеме цела вечер во Кочани, приоритет се човечките животи!

by Fokus

И покрај штетата која ја направи пожарот, најважно е дека нема загрозени човечки животи, смета премиерот Зоран Заев кој вечерва беше на терен во кочанскиот регион.

„Приоритет се човечките животи и најважно е дека немаме загрозени човечки животи. Ова е показател дека солидарноста во државата функционира. Ќе останеме цела вечер во Кочани. Ќе правиме проценки . За жал горат многу планини во нашата земја. Ветрот за среќа стивна, но ќе бидеме на штрек, за што побрза целосна локализација на огнената стихија“, истакна Заев.

Поврзани новости