Градоначалникот на Кочани: Органите ќе треба да истражат како е настанат пожарот!

by Fokus

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев се заблагодари на помошта од сите институции при локализирање на пожарот во близина на градскиот дел на Кочани.

Што се однесува до причинителот на пожарот, Илијев порача дека надлежните органи ќе треба допрва да го истражат тоа.

„Органите ќе треба да истражат за тоа како е настанат пожарот. Најважно е да ги осигураме граѓаните. Благодарност до сите. Граѓаните на Општина Кочани да не се грижат и им се заблагодарувам и нив што несебично се вложија и помогнаа“, истакна Илијев.

Поврзани новости