Ако чекаме хеликоптер, се ќе изгори, уште го гасиме пожарот!

by Fokus

На еден дел каде што гореше, и беше голема опасност за село Тркање, веќе успеавме да го ставиме под контрола, но пожарот се шири сега во правец на Бели. Гасиме со лопати, со вили на кои намотавме крпи, палта, кој што најдовме… Ова ќе биде долга ноќ – во телефонски разговор за „Фокус” појаснуваат жители на Кочани, кои веќе со часови се борат со огнената стихија. Велат дека самите тие, успеале да го изгаснат огнот кој бил голема опасност за селото Тркање, но сега продолжуваат со гаснење на стихијата која се приближувала кон Бели.

-Таму има многу стока, мораме да спречиме катастрофа. Ни јавија дека ќе ни испратат хеликоптер утре, но ако ние го чекавме хеликоптерот, се ќе изгореше, овде ќе се случеше хаварија! Многу луѓе сме собрани, ама потребна ни е дополнителна помош. Теренот е многу непристапен, не може ниту теренско возило да дојде до овде, не преостанува ништо друго, туку сами да се снаоѓаме-велат тие.

Апелите до надлежните служби, да се испратат хеликоптери кои би помогнале во гасење на страотниот пожар, се објавуваа уште откако се прошири стихијата. Претседателот Стево Пендаровски појасни дека армиските хеликоптери немаат техничка можност да летаат ноќе, па ќе се вклучеле во гасењето дури утре наутро.

Вики Клинчарова

Поврзани новости