Заев ќе ја предводи имплементацијата на реформи во правосудството

by fokus

Владата е задоволна од сработеното во Советот за реформи во правосудството и покрај тоа што три независни експерти си поднесоа оставки пред крајот на нивната работа, со сериозни обвинувања дека Советот служел само како параван.

На денешната прес конференција, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, изјави дека ќе биде формирано ново тело кое ќе продолжи со имплементација на реформите. Со ова тело, кое ќе ја надгледува имплементацијата, ќе претседава премиерот, Зоран Заев.

-Следува новата фаза 9 од планот 3-6-9 за имплементација на оваа стратегија. Преминуваме на наредната фаза. На вчерашната владина седница Заев ги информираше министрите дека до крај на јануари ќе се формира нов Совет за следење на имплементацијата на стратегијата за правосудството за период 2017-2022, рече Бошњаковски.

Тој не ги коментираше оставките и обвинувањата на независните експерти.

-Работата во Советот е успешно завршна, се работи за врни професионалци. Целата Влада им е благодарна за нивната контрибуција. Што ќе се случува понатаму тоа е дискреционои право на министерот за правда, дали ќе продолжи Советот да функцира во советодавна улога – додаде тој.

Инаку, пред да биде готова стратегијата за реформи во правосудството, од Советот оставка си поднесоа, извршниот директор на Хелсиншки комитет Македонија, Уранија Пировска, професорот Гордан Калајџиев и професорката Мирјана Најчевска.

 

 

Поврзани новости