БЕСА ќе ги поддржи владините закони во Собрание, но не влегува во Владата

by fokus

На вчерашната средба во Владата меѓу премиерот, Зоран Заев, и претседателот на БЕСА, Биљал Касами, се разговарало за поддршка на пакетот реформски закони во Собранието. Заев добил уверување од Касами дека петмината пратеници на БЕСА во Собранието ќе ги поддржат законите.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, денеска изјави дека Владата има парламентарно мнозинство во Собранието, иако на вчерашната седница пратениците не успеаја да изгласаат ниту еден закон предложен од Владата, затоа што немаше кворум.

Бошњаковски додаде дека со БЕСА не се водат разговори за влез во Владата, откако од владината коалиција излезе Алијанса за Алабанците. Портпаролот додаде дека не се водат разговори на ова нивно ниту со ДПА на Мендух Тачи.

Поврзани новости