534
Правилата мора да важат еднакво за сите, никој не смее да биде фаворизиран, изјави премиерот Зоран Заев за Нова откако вчера во јавноста излегоа информации тендерот за реагенси тежок 35 милиони евра на Минисерството за здравство, како и заподелбата на државни пари на компании каде косопственици се вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот Хари Локвенец.
-Правилата мора да важат еднакво за сите, никој не смее да биде фаворизиран. Не смее да има конфликт на интереси, ниту расфрлање со парите на граѓаните. Ќе ги провериме сите постапки, ако има било што неправилно или нешто што предизвикува конфликт на интереси, ќе барам ревидирање на одлуките – изјави тој.