СДСМ: Наместо да бара амнестија, ВМРО да каже како стана најбогата партија со имот од 60 милиони евра

by Фокус

Никој не смее да биде фаворизиран, не смее да има судир на интереси, ниту пак расфрлање со народните пари, нешто што беше одлика на владеењеето на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ откако опозициската партија ја прозва владата за милионскиот тендер за набавка на реагенси и за поделбата на пари од фондот на компании за функционери од власта.

„Наместо да шири измислици и лажни, неосновани обвинувања, додека во позадина бара амнестија за криминалите, ВМРО-ДПМНЕ да одговори како и на кој начин стана најбогата партија во Европа со имот вреден 60 милиони евра додека Македонија тонеше во долгови. ВМРО-ДПМНЕ, партијата што е симбол на криминал и корупција нема никаков кредибилитет да зборува за јавните набавки, бидејќи токму таа партија бесрамно делеше буџетски пари на партиски членови и послушници, меѓу кои и тендер од над еден милион евра на новинарка и уредничка на два медиума блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста многу добро знае како братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков ја киднапираше целата македонска економија, како двоецот Јанакиески и Груевски договараа провизија од над 25 милиони евра за автопатите, како со милионски суми народни пари се поткупуваа и контролираа бројни медиуми“, соопштија социјалдемократите.

Тие порачуваат дека правилата важат подеднакво за сите, а доколку се утврди каква било неправилност или судир на интереси ќе следува ревизија на одлуките.

Поврзани новости