ЗАЕВ: Ќе ги објавиме сите докази, до еден, следени биле Јанкуловска, Ставрески, Ахмети, Тачи…!

by Фокус

Заев побара вештачење на снимките со што, како што вели,  ќе се потврди автентичноста.

„Потребна е експертиза на вешти лица. Независно од реакцијата на ЈО како лидер на опозицијата , Ве повикувам сите следете ги чекорите за вистината за Македонија.

Во пријавата до Обвинителство има многу повеќе. Следени се судии, ИВЗ, МПЦ, министри, бизнисмени. Досието е премногу големо.

Во наредните денови ќе објавуваме многу повеќе“, изјави Заев, во преполната сала во седиштето на СДСМ.

Претходно тој кажа дека станува збор за масовно прислушување од страна на луѓе врабтени во МВР под директна наредба на Мијалков и Груевски.

„Поднесовме кривични пријави против Мијалков и неколкумина што учествувале во прислушувањето. Во прилог на пријавата има повеќе од 300 мои телефонски разговори.

Тоа траело најмалу 4 години, а ПИМ мерки може најмногу 14 месеци со дозвола од Јавен обвинител и судија.

Слично се постапувало со другите опозициони лидери.

Досието на прислушувани разговори има 204 страници со опозиционери, подготвени и давани на Груевски24/7. За време на избори ги користеле државните служби. Добивале резимеа за својот политички противник. Со кршење на уставот и законите. Вакво нешто може да спроведат само државни служби“ вели Заев. Тој презентираше разговори на кои се препознаваат гласови на министерката Јанкуловска, министерот Ставрески, на албанските лидери, Ахмети, Тачи…

 

Поврзани новости