Видео: Снимка од прислушуваните разговори на Заев, Јанкулоска, Ставрески

by Фокус 16:36
16:36

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска почна со објавувањето на доказните материјали, за како што вели, на виделина да излезат сите криминали на власта под раководната палка на Никола Груевски. Опозицискиот лидер тврди дека над 20.000 луѓе  во Македонија веќе подолг период биле прислушувани од власта и дека тие поседуваат разговори од сите нив.

На аудио снимката што ја објави СДСМ можат да се слушнат разговори меѓу Заев со новинари, соработници и со неговите деца. Исто така, лидерот објави и аудио снимка меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и првиот човек на финансии Зоран Ставрески. На прес – конференцијата беа објавени разговори на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, првиот човек на ДПА, Мендух Тачи и лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски. 

- Advertising -

Поврзани новости