Ја слушам госпоѓа Силјановска Давкова како изјавува дека е родена во Народна Република Македонија и ако и дадат лична карта со Република Северна Македонија, нема да е таа. Е која ќе е? Некоја друга ли? Аманте со тоа, реагира премиерот, Зоран Заев, на изјавата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, дадена на почетокот од нејзината кампања.
Тој порачува дека поради Договорот од Преспа двајцата премиери се номинирани за Нобелова наград, што, додава, само по себе е голема работа.
-Јас сум роден во Социјалистичка Република Македонија, децата мои во Република Македонија, и сега тоа не се моите деца? Јас сум тој, моите деца се тие, а и Давкова е истата, сите сме исти. Пресериозни амбиции имаме за претседателска функција, претседател на државата не може да му пркоси на Договорот – порача тој во интервју за ТВ Тера додавајќи дека влогот е влез во НАТО и ЕУ.