Заев: Мицкоски лаже и уште долго време ќе си губи на избори бидејќи е несериозен

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, го демантира лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, дека во периодот кога се одвиваа преговори во Клубот на пратеници за Договорот од Преспа, му понудил пет министерски места. Како што рече Заев на Мицкоски му било понудено да го делат мандатот, во кој СДСМ има вкупно 9 министерски места.

-Тоа е бесрамна лага – вели Заев за изјавата на Мицкоски.

-Јас јавно понудив заедничка влада. Бесрамно лаже заради изборите и да добие повеќе поени, бидејќи знае дека не може да победи, како што ми е мене јасно дека ќе победиме. Таму не бевме сами, беа Ахмети и Билал Касами. Му реков дека сум спремен да седнеме заедно да го поддржиме Договорот и да ја истуркаме целата оваа постапка, но не сакаше. Ние имаме девет министерски места во Владата. Не може да му дадам да си бира. Не иде тоа така, не е од татко ми. Повикот беше заедно да бидеме во Владата, мојот мандат да го поделам со ВМРО-ДПМНЕ, но одби. Ние фала богу го истуркавме процесот, прифативме амандмани, го подобривме Уставот. Ако има власта одговорност, треба и опозицијата да има. Мислам дека бајаги долго време ќе си губи избори бидејќи несериозно се поставува кон државата – рече Заев во интервју за ТВ Тера.

Поврзани новости