Заев: Јанкулоска и Мијалков признаваат дека следат комуникации

by Фокус

Разговори меѓу високи владини функционери потврдуваат дека полицијата има опрема да лоцира телефонски апарати и да прислушува телефонски линии, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната конференција по повод 27 „бомба“ против власта.

Како што рече Заев, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска му кажува на полицискиот портпарол Иво Котески дека може да се лоцира било кој телефонски апарат, доколку е уклучен.

Лидерот на СДСМ, исто така, додаде дека шефот на тајната полиција Сашо Мијалков му вели на Емил Стојменов да му ги каже телефонските броеви на неколку луѓе, за да ги провери.

– Мијалков признава дека му требаат стотици лица за УБК зашто оперативата била зголемена откако дошла опремата од Израел. Се потврдува каква била целта на оваа опрема – рече Заев.

Понатаму, првиот човек на социјалдемократите истакна дека Јанкуловска, Мијалков и спикерот Трајко Велјаноски разговараат како да донесат најповолен закон за следење на комуникациите, кој максимално ќе ја ограничи цивилната контрола врз тајната полиција од надлежната собраниска комисија.

– Колку помалку работи има во законот толку подобро за нас – му вели Јанкуловска на Мијалков, кога разговараат под кои услови собраниската комисија може да дојде во УБК – со најава, во полн состав, неколку пати годишно…

Поврзани новости