Заев најави протест во мај

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, откако ја објави 27-та бомба, одговарајќи на новинарско прашање потврди дека ќе има протест во мај, но истакна дека датумот дополнително ќе биде утврден.

-Протест во мај ќе има, и тоа не виден до сега, а датумот допрва ќе го објавиме. Едно ќе кажам дека ова нема да биде обичен протест, односно да се собереме, да испротестираме и да си одиме. Не ова ќе биде поинаков протест, истакна Заев демантирајќи дека протестот ќе се случи на 9 мај.

Тој ги демантираше и шпекулациите кои беа објавени во неколку медиуми, дека дел од прислушуваните снимки поделил на неколкумина владици, како и на деканот на правниот факултет, Борче Давитковски, кој пред неколку дена си поднесе оставка од функцијата декан.

Поврзани новости