Заев ја примил пораката: Не се заканувам, ама ќе има чистка

by fokus

Премиерот Зоран Заев на вечерашната трибина во Карпош најави „чистка“ во редовите на власта, поради незадоволството кај дел од граѓаните.

-Отворено зборувам, не да се заканувам некому, пораката ја примивме во првиот круг. Ова јасно им го кажувам на нашите поддржувачи кои решија да останат дома и кои се незадоволни од нас, од некои наши функционери, на локално или централно ниво-чистка ќе има. И тоа е мојата порака. Пораката ја испративте, но немојте да ја казнувате државата заради некои наши слабости. Слабости има, но работиме и ќе работиме да ги исправиме. Разбрав, многу наши поддржувачи ми испратија порака-Еј ало, менувај нешто, не ја бива вака, рече Заев.

Поврзани новости