Дац му подари метла на Заев: Има и лопатче, ќе собере доста ѓубре

by fokus

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ му подари метла на премиерот Зоран Заев, за, како што рече, чистката која треба да ја направи.

-Затоа што јас сум првиот кој си поднесе оставка од морални причини, имам и морална одговорност да ја предадам оваа метла за чистката што треба да се направи. Ова ништо не е договорено, од Рептил е, има и лопатче каде може да се собере доста ѓубре. Јас отсекогаш сум го сакал СДСМ и сум гласал за оваа партија, сум се гордеел со оваа партија. Сигурен сум дека мојот иден претседател е Стево Пендаровски, рече Дац.

Поврзани новости