Заев: Заев знае, ќе победиме со 100 илјади гласови разлика во втор круг

by fokus

Премиерот Зоран Заев на вечерашната трибина во општина Карпош порача дека нивниот кандидатат Стево Пендаровски во вториот круг на претседателските избори ќе победи со 100 илјади гласови разлика.

-Ве гледам по лицата нешто тнко е. Тенко е заради резултатот, затоа што очекувавме повеќе. Вие сте мојата душичка, мојот народ, и логично е да има вакво чувство. Но, треба да биде задоволни затоа што знаеме дека очекувавме повеќе гласови, но добро е победивме. Јас сум најинформираниот човек, ако вие не знаете, Заев знае: ќе победиме едно 100 илјади гласови разлика во втор круг и затоа враќајте ги насмевките. Сега заслужуваме да победиме, а ќе дојде време и кога ќе губиме и за тоа ќе бидеме спремни, рече Заев.

Поврзани новости