Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев денеска имаше проштална средба со амбасадорката на Франција во Република Македонија, Лоранс Оер.
Опозицискиот лидер и се заблагодарил на француската амбасадорка за придонесот во развивање на односите помеѓу Франција и Македонија како и за нејзината силна поддршка за земјава.
– За СДСМ иднината на Македонија е во Европската унија и НАТО. СДСМ ќе направи се да ја врати земјата на демократскиот колосек, на патот на евроинтеграциите и економскиот напредок што ќе донесе подобар животен стандард на граѓаните – порачал Заев.
Во партиското соопштение се наведува и дека на средбата заднички било констатирно дека неопходно е да се испочитуваат роковите и да има избори во декември, сметајќи дека фер политички натпревар е излезот од кризата.