Дирекцијата за заштита и спасување се повлекува од поплавените подрачја

by fokus 19:23
19:23

Дирекцијата за заштита и спасување ја повлече градежната механизација од поплавените подрачја.

Директорот Шабан Салиу ги повлече сите 96 камиони и багери што биле ангажирани во расчистување на поплавените региони. Според Салиу кризната состојба помина, па надлежноста ја остава на Општините. Тој изрази сочувство на семејствата на настраданите во поплавата и рече дека сè уште се трага по 16-месечното бебе.

Додека ДЗС со законски одредби прогласи дека кризната состојба е завршена, на терен работите ни од далеку не се при крај.

На листата за аванссно обештетување чекаат 2 154 лица, а голем број од поплавените семејства се жалат дека не успеале да стапат во контакт со надлежните и да ја пријават штетата. Граѓаните се жалат и дека авансните 500 евра не се доволни за огромните штети во нивните домови.

Сепак, од Министерството за финансии ветуваат дека откако ќе завршат целосните проценки на терен ќе започне и 100 процентната исплата на штетата при што авансот од 500 евра ќе биде одбиен од вкупната сума.

Поврзани новости