Кога ќе се одржат ќе одлучиме кога ќе заврши кризата со корона вирусот, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за 360 степени на Алсат М.
-Во анкетите од февруари пред кризата водевме со 4 и 5 проценти, губевме во проопозисики анкети. Народот доминантно ни дава поддршка иако не може да биде задоволна за се за овие 2,5 години. И, ако беа изборите на 12 април ќе победевме, но нема поважно до граѓаните. Кога ќе бидат изборите ќе одлучиме кога ќе заврши кризата – рече Заев.
Тој истакна дека изборите теоретски може да се одржат во јуни или почетокот на јули, но може да се одржат и есента – септември, октомври, па дури, во зависност од околностите, и во редовниот термин во декември,
-Кулминацијата на здравствената криза би требала да биде во април, па во мај би се стабилизирале сите пред се психолошки аспекти на кризата, за да може евентуално да се преориентираме кон кампања во јуни или јули – рече Заев, додавајќи дека сепак засега никој не мисли на избори.