518
Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека тој не сака и нема да дозволи власта да влијае врз судството.
-Јавно апелирам до судиите да не се обидуваат да и угодат или погодат на власта. Мене тоа не ми треба и не го сакам. Не можам да бидам сигурен дали пониските ешалони се обидуваат да влијаат врз судството, но ако такво нешто дознаам, кажав и претходно дека секој кој направил такво нешто ќе биде разрешен, па и заменик-министер и министер, рече Заев.