Кекеновски прогнозира: Мицковски на крај ќе биде сведок во судски процес против Груевски

by fokus

Јове Кекновски во изјава за „Фокус“ вели дека Христијан Мицковски, доколку биде избран за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, за Груевски ќе биде она што Јадранка Косор беше за Иво Санадер.

Прво еден до два месеци ќе биде заштитник на Груевски, а потоа човек кој ќе учествува во елиминацијата и запечатување на неговата политичка кариера преку помагање или пасивно набљудување на апсењето на претходниот лидер, и на крајот на биде сведок во судскиот процес против него. Тоа се случи со Санадер во Хрватска и исто очекувам да се случи и со Груевски, вели Кекеновски.

Тој додава дека на крајот како што ХДЗ ја исклучи Јадранка Косор од партијата, така и Мицковски ќе биде исклучен од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости