515
Лидерот на СДСМ Зоран Заев додека со партиската делегација одеше кон споменикот Мечкин Камен, беше исвиркан од неколкумина присутни на настанот.
„Срамота е ова што го правите” му дофрли еден човек на опозицискиот лидер пред неговиот илинденски говор.
На говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пак, еден човек беше исфрлен од дворот на црквата во Трново, откако кон експремиерот свикал „Вратете ги парите”.