Груевски: Додека ме држи последниот атом од силата ќе работам за народот

by fokus

-Лесно е да седиш отстрана и да набљудуваш, уште полесно е да критикуваш и да бидеш деструктивен, да плукаш по се што се прави, што се создава и гради, само да зборуваш, а ништо да не правиш, и тоа го знае мнозинството од овој народ. Јас знам дека местото на политичарот е помеѓу народот, на секоја педа македонска земја, на секоја улица, во секој град и село со народот и со неговите проблеми и не само кога е лесно туку и кога е тешко, кога има мака и кога треба да му се помогне и да му се помогне“, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски,во обраќањето на традиционалната Илинденска средба во Трново.

Груевски рече дека секоја неискрена критика, лага и манипулација која ја сервираат неработниците и интригантите завршува во првиот момент од нивното зачекорување меѓу народот.

„Го чувствувам презирот со кој стотиците илјади луѓе со кои се среќавам низ целата држава го имаат кон секој оној кој со кодошлак, со страничен елемент, со неработа и со критика само заради критика, а без суштина сака да оствари своја лична теснограда цел на штета на интересот на државата Македонија  – изјави Груевски.

На крајот експремиерот вети нови проекти и поинтензивна работа, бидејќи како што рече, се додека имал сила ќе работел на ветувањата кои ги дал.

Поврзани новости