Заев и Стаменковски се запознале на протести, пред да го назначи за советник во премиерскиот кабинет

by fokus

Судскиот службеник Горан Стаменковски, и премиерот Зоран Заев се запознале на протестите на Шарената револуција, а по промена на власта Стаменковски е поставен за советник на премиерот. Заев денеска изјави дека се работи за личност која може многу да понуди и затоа му е дадено место во Владата.

Тој појасни дека како вработен во судот се соочувал со многу притисоци кога биле објавени фотографии со него на протестите.

-Стаменковски по образование е во делот на социјалната политика. Во судот нема одлучувачка позиција, не е судија и не е поротник. Има амбиција да се вгради во нашето општество и да помогне за што ќе ги чека конкурсите. Се работи за лице сликано до мене на шарената револуцијац порљди што имал неоријатни моменти од порљнешниот претседател на судот. Неговиот пекол почма кога се појавија слики со мене, од таму и измачувања. Јас му верувам и од тогаш станавме пријатели – рече Заев за судскиот службеник кој редовно се појавува на неговите рочишта за „Поткуп“.

Во врска со Џезаир Шакири, познат како командант Хоџа, премиерот вели дека може да помогне и додаде дека се работи за ангажман од една година.

Бошкоски и Шакири беа од различни страни на нишаните, а сега работат за Република Македонија. Да бидеме растеретени, секој заслужува шанса, вели Заев.

М.В.

Поврзани новости