Демократската фракција бара оставки од Спасовски и Заев: Контроверзно е Хоџа да го ставите поблиску до премиерот, а тој да го ослободи Танушевци

by Fokus 10:34
10:34

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поради неговата изјава во која праша што е контроверзно во изборот на Џезаир Шаќири-Хоџа за советник во премиерскиот кабинет.

– Демократската фракција на ВМРО ДПМНЕ не може да се начуди на леснотијата на изговорените зборови и на обидите по којзнае којпат со манипулативен вокабулар и замена на тези да се избегне одговорноста и некадарноста. Министре Спасовски, контроверзно е тоа што Вие како министер во владата на Зоран Заев и ние како држава сè досега немавме контрола на дел од територијата на Република Македонија, а молчевте и криевте од јавноста. Контроверзно е дека ангажирањето на Хоџа е резултат на политички договор, Вие него да го ставите поблиску до премиерот Заев, а тој да го ослободи селото Танушевци. Контроверзно е што направивте гола трампа. Функција во замена за ослободена и досега неконтролирана територија. И не е само што е контроверзно, министре Спасовски, туку е жално и срамно- велат од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости