Заев и Шекеринска му објасниле на Филе зошто не ги признаваат изборите

by Фокус

Спојување на партијата и државата, партизирано судство, пристрасни медиуми, партизирани институции, отсуство на фер натпревар, сето тоа било било предмет на разговорот меѓу  претседателот на СДСМ, Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска со комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе денеска во Брисел.

„Заев и Шекеринска на средбата истакнаа дека токму тоа се причините за непризнавање на изборниот процес и за неучество на опозицијата во Парламентот. Тие укажаа дека опозицијата е целосно свесна за тежината на ваквата одлука, но дека власта е таа којашто спречува да дојде до израз вистинската волја на гласачите. Воедно, беше изразена подготвеност опозицијата да почне преговори со власта за формирање техничка влада и за механизми што ќе овозможат слободни, фер и демократски избори“, се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости