Шилегов: Дали еден човечки живот вреди помалку од 2.000 евра?

by Фокус

Дали еден човечки живот вреди помалку од 2000 евра?, праша денеска портпарлот на СДСМ, Петре Шилегов во изјава за медиумитe.

– За прегазен човек, поранешниот телохранител на директорот на УБК, Сашо Мијалков, Ален Зекиров е осуден на 6-месечна затворска казна. За наводен случај на примање 2.000 евра, синдикалниот лидер, Др. Дејан Ставриќ е осуден на 1 година затвор. Процесот за усмртен човек се одолговлекуваше 5 години. Синдикалниот лидер Ставриќ е осуден во експресна судска постапка. Според апсурдните одлуки на узурпираното судство од страна на Никола Груевски и неговата фамилија, човековиот живот чини помалку од 2000 евра – Шилегов.

Поврзани новости