Заев и Пендаровски со сопругите во друштво на виолинистката Меј

by fokus

Светски познатата виолинистка Венеса Меј го отвори годинешното Охридско лето. Во нејзиното друштво и настап уживаа и премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски, со сопругите.

Претседателот Пендаровски објави фотографии на својот фејсбук профил.

-Ванеса Меј нуди нов музички стил што излегува од конвенционалните рамки, создава музика длабоко вкоренета во традицијата, релевантна за сегашноста и насочена кон иднината. Во неа го препознаваме ритамот што ги поврзува природата и човештвото. Музиката на Ванеса е гласно сведоштво дека наместо да се исклучуваат, различните културни влијанија можат да се надополнуваат создавајќи поголема вредност. Нејзината музика помирува и поврзува милиони луѓе од различни нации и генерации, напиша Пендаровски.

Поврзани новости