Заев и Кара се договорија да го убрзаат процесот за посета на Ердоган на Македонија

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорката на Турција, Еркал Кара, на која, меѓу другото, било разговарано и за „интензивирање на постапката за организирање на официјална посета на делегација на Владата на Македонија на Турција, како и за посета на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на нашата земја“.

Како што се вели во владиното соопштение, Заев и Клара посебно внимание посветиле на соработката на планот на безбедносните политики, како и на поддршката за претстојните активности на Македонија во однос на евроатлантските аспирации.

-На средбата заеднички е поздравено длабокото пријателството меѓу Македонија и Турција и е изразена определеност за унапредување на соработката на економски план, како и во сите други области од интерес на граѓаните на двете држави, стои во соопштението.

Поврзани новости