Избрани се новите министри. Истакнати партиски кадри на СДСМ влегуваат во министерствата. Олвер Спасов за МВР, Фросина Ременски за Труд и социјална политика. Кире Наумов ќе биде заменик во министерство за финансии, Александар Кирацовски во администрација, Љупчо Николовски во Земјоделие.
-Ова го правиме да добиеме гаранција за граѓаните за слободно изразена волја на изборите на 24-ти април, каде што покрај власта, гарантира и опозицијата. Истовремено, во овој период да ја подобриме нашата Македонија со демократизација на институциите, пред `се во делот на медиумите, во правосудството, во другите корективи во општеството, како Антикорупциската комисија и некои други институции, затоа што зголемена демократија во институциите ќе значи дека сите сме победници , рече лидеррот на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на средбата рано утринава.
Според Груевски пак, сега веќе нема изговори. Народот ќе одлучел кој и како работи.
-Изборите се желба на ВМРО-ДПМНЕ да се излезе пред граѓаните и граѓаните да го дадат својот суд. Тие се тие што одлучуваат. Тие и овојпат ќе покажат пред целата европска и светска јавност дека не е можно со валкани игри да се дојде до победа. Тоа сакам да го види СДСМ. Да се покаже дека со интриги и валкани игри, манесто со труд и работа не се доаѓа на власт, рече премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на крајот од средбата.
Вчера се договорени и изборниот законик, законот за бомбите, кој ќе почне со примена по 6 месеци, како и законот за свиркачи.