Оливер Спасовски нов министер за внатрешни работи, Ременски за труд и социјална политика

by Фокус 01:17
01:17

Генералниот секретар Оливер Спасовски ќе биде нов министер за внатрешни работи, соопшти вечерва претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пишува А1 Он.

Ахмети прв ја напуштил средбата во Клубот на пратениците на која партиските лидери се обидуваа да постигнат договор по отворените прашања. При излегувањето од Клубот на пратеници, Ахмети соопштил дека конечен договор е постигнат.

- Advertisements -

Нов министер за труд и социјлна политика ќе биде Фросина Ременски.

Неофицијално, договор е постигнат и за Законот за влада кој предвидува замениците министри да имаат право на вето само за прашања што се однесуваат на изборите, од првиот ден на нивно именување. За Законот за забрана за бомбите, било договорено да предвидува казни за медиумите кои што ќе објават материјали со кои се загрозува приватноста на луѓето, но не и за материјали од јавен интерес.

Поврзани новости