„Избори нема да има!“ – Никола Груевски, 15 Март 2015

by lali

“Со големо внимание ги следам сите шпекулации кои се пропагандирани од СДСМ и блиските до нив медиуми. Понекогаш се чудам на нивните шпекулации и создавање на нереални амбиции и очекувања. Се прашувам како да одговорам. Ако одговорам сериозно некој може да прифати дека има некаква вистина за создавање на преодна влада, каде премиерот и министрите ќе бидат избрани од СДСМ.“ – Никола Груевски, 31 Мај 2015 година

„Добро е што СДСМ стави партиски кадри, да се види кој како работи!“ – Никола Груевски, 06 Ноември 2015 година

А пред некое време одеше ова – „Нема да прифатам преодна влада“ – Никола Груевски, 16 Мај 2015

И од последната негова вчерашна изјава доаѓаме до заклучок дека човекот си стои на збор: „Задоволен сум од договорот, наша стратешка цел беше изборите да останат на 24 април и успеавме!“ – Никола Груевски, 06 Ноември, 2015 година

Вели успеал, за нешто што веќе го договориле и потпишале на 2 јуни 2015. Голем успех, мора да признаам!

 Зборот е збор, а тој е човек од збор. Браво. Навистина немам што повеќе да додадам за човекот кој се што кажа, оствари.

П.С. Ова го пишав од 3 минити сурфање по интернет и барање на негови изјави. Малку подетално ако се истражи, за година дена можат да му се најдат минимум 50 контрадикторни изјави, односно манипулации во момент на пласирање за некаква си актуелност. Стратегија и однос со јавност денес за утре. Но, како што порано тој велеше, а што остана единствено точно во контекст на приказната е “Народот памти и не заборава”!