Заев и Филипче на отворање на фабрика за канабис во Петровец

by Fokus

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе присуствуваат на отворањето на фабриката за одгледување канабис за медицински цели и за финални медицински производи на база на канабиноиди „NYSK Holdings”. Покрај Заев и Филипче свое обраќање ќе има полскиот амбасадор во земјава Војчех Тичињски и Златко Кесковски, извршен директор на PHCANN и NYSK Holdingс.

Станува збор за гринфилд инвестиција, дизајнирана и изградена по највисоки стандарди, велат од Владата. Современата фабрика ќе биде отворена во општината Петровец, во индустриската зона Ќојлија.

Станува збор за гринфилд инвестиција на компанијата „NYSK Holdings”, а производите на новата фабрика ќе се пласираат на странските и на домашниот пазар.

Поврзани новости