Заев и Брнабиќ ќе се сретнат на состанокот на премиерите на Западен Балкан во Драч

by Фокус

Албанскиот премиер Еди Рама ќе биде домаќин на денешниот неформален состанок на премиерите од државите на Западен Балкан во Драч, кој ќе биде можност за средба на меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и српската премиерска Ана Брнабиќ по повелкувањето на вработените од српската Амбасада во Скопје.

На овој собир, на кој ќе се зборува за интеграцискиот процес и продлабочувањето на регионалната соработка, покрај Заев и Брнабиќ, ќе присуствуваат и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, косовскиот премиер во заминување Иса Мустафа, како и комесарот за проширување и соседска политика на Европската унија Јоханес Хан и потпретседателот на Светската банка за Европа и Азија Сирил Милер.

Предвидено е да се одржат неколку-панел дискусии, на кои ќе се зборува за трговијата, услугите, инвестициите и дигиталната економија во земјите на Западен Балкан, при што се очекува и да биде разгледан и поддржан Договорт за транспортна заедница што беше потпишан во почетокот на јули годинава во Трст.

 

Поврзани новости