СДСМ: Новата влада ги намалува трошоците за граѓаните

by Фокус

За разлика од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, која ги обременуваше буџетите на граѓаните со новoизмислени давачки и ги заглавуваше во административни институционални лавиринти, владата предводена од СДСМ ги намалува административните трошоци што граѓаните ги имаат, ги олеснува процедурите и насочува повеќе пари кон граѓаните, велат од СДСМ.

„Со најновата мерка на Владата предводена од СДСМ катастерските трошоците се намалуваат до 50 отсто. Тоа значи дека граѓаните за катастерските услуги што ги користеа до сега ќе плаќаат значително помали цени и повеќе пари ќе останат кај граѓаните. Дополнително, од први септември ќе биде укинато и двојното плаќање во случај кога некој предметот по пријава на странка треба да по втор пат да се поднесува. Ова ќе значи 100 отсто олеснување за граѓаните, деловните луѓе и останатите корисници на катастерски услуги“, соопштија социјалдемократите.

 

Поврзани новости