Заев: Груевски зборувал во шифри зошто знаел дека се прислушува

by Фокус

Зоран Заев на денешната прес -конференција истакна дека премиерот Никола Груевски го терал членството да се тепа за Црква, а тие ја кршеле Општина Центар поради неговите интереси.

-Треба да каже со каков имот се стекнал… Никола Груевски кога веќе денеска ги собра насила и членството и администрацијата за да ја докаже својата чесност, треба да им каже зошто зборува во шифри, ако не се прислушкува во државата. Чесен човек ќе кажеше дека тој и братучед му Сашо Мијалков прислушкуваат и затоа зборуваат во шифри – рече лидерот на СДСМ, Заев.

Првиот човек на СДСМ порача дека излез од кризата е само оставка на оваа влада и формирање нова техничка влада.

– Само оставки од Груевски и неговата влада и формирање преодна влада е излез од политичката криза во која се наоѓа Република Македонија. Почитувани граѓани да не дозволиме ова зло повеќе да се повторува, рече Заев на крајот на прес-конференцијата.

Поврзани новости