478
Премиерот Никола Груевски им давал директиви да работат незаконски на своите министри, може да се заклучи од разговорот меѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.
– Се работи за директиви за незаконско подигнување на милионски кредити од странство, нелогичко буџетско трошење, реклами и споменици додека биле доведени во прашање работните места на администрацијата – истакна Заев.