Потпалуваат меѓуетнички конфликти за да си ја спасат сопствената кожа. Манипулирањето на граѓаните е бандитизам и заштита на интересите на криминалната власт. Груевски ја вовлекува Македонија во опасно сценарио, но, се додека сме сплотени, топ не не бие – порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашното интервју во ТВ24.
Заев потенцираше дека граѓаните се манипулираат со содржината од албанската платформа.
-Будалештини се дека ќе бидат казнувани тие што не зборуваат албански јазик. Во моментов 33 општини се двојазични. Ги манипулираат луѓето дека се воведува двојазичност или дека парите ќе бидат двојазични. Такво нешто нема и немојте да се плашите- рече Заев.
Тој рече дека нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ под вакви изговори да предизвика меѓуетнички конфликт и апелираше на смиреност.
Лидерот на СДСМ уште еднаш порача дека Ѓорге Иванов мора да ја повлече одлуката за мандатот, а во спротивно вели дека има и други решенија.
-Трпение, чекор по чекор, постојат уставни и законски решенија за состојбата – порача Заев.