Безобразно нападнат новинарот Борјан Јовановски

by fokus

Новинарот Борјан Јовановски денеска бил нападнат додека бил на ручек во скопски ресторан.

-Бев на ручек со мојот пријател и колега Атанас Кировски. Неочекувано до масата пристапи едно детуле кое се уште не си ни бричи. Малолетно. Ми се обрати со зборот “предавник” Прашав дали воопшто знае што зборува..а тој ме плукна в лице и замина. Детето е злоупотребено. Нарачателот ми познат бидејќи беше присутен во ресторанот Воденица. Пораката е примена. Инспираторот е исто така познат..Миленко Неделковки. Кратко да завршам..двајцата ќе одговарате а од мојот патриотизам и љубов кон демократска и европска Македонија нема нема да ме одвратите-напиша Борјан Јовановски за нападот на својот Фејсбук профил.

Миленко Неделковски пак, објави снимка од нападот на својот Фејсбук профил.

Поврзани новости