Заев: Груевски ако не може сам, нека дојде на дуел со Мијалков

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз вечерва митингува во скопската општина Ѓорче Петров. Лидерот на партијата, Зоран Заев на почетокот на говорот уште еднаш го повика Никола Груевски на ТВ дуел, а му порача ако се плаши да дојде сам, да земе и придружба.

-Ако не може сам Груевски, нека го земе со себе Сашо Мијалков, нека го земе Никола Тодоров, Трајко Велјаноски. Да го прашам тоа што не можев да го пуштам во бомбите, а граѓаните имаат право да го знаат- рече претседателот Заев.

Тој посочи дека на Македонија и е неопходна стабилна, реформска Влада и затоа повика на масовна поддршка за промени. Според Заев ова е еден од најзначајните моменти за граѓаните и државата.

-Или крај на режимот или нема иднина за Македонија. Бидете горди, ние сме на вистинската страна- порача претседателот на СДСМ.

Поврзани новости