ПОПГМ: Лажни анкетари крадат податоци на пензионери

by fokus 21:00
21:00

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија алармира дека лажни анкетари ги посетувале пензионерите во скопската општина Кисела Вода и им делеле прашалници во кои барале да внесат лични податоци.

Анкетарите се претставувале дека се ангажирани од Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија.

- Advertisements -

Како што велат од партијата, пензионерите требало да пополнат прашалник во кој, покрај другото, внесувале одговор дали користеле бањско лекување, матични броеви, број на личната карта и број на полнолетни членови во семејството.

-Информирајќи ја јавноста за ваквата појава, ги потсетуваме пензионерите дека ваквите „анкети“ не се законски дозволени и дека обично се наменети за остварување криминални цели, а во период на изборна кампања за вршење притисоци врз изборната волја на избирачите. Ги охрабруваме пензионерите секој ваков случај да го пријават во најблиската полициска станица за да се спречат обидите за злоупотреба на личните податоци за незаконски влијанија и за притисоци врз пензионерите поврзани со изборниот процес или за остварување на нивни други криминални цели- се вели во соопштението на ПОПГМ.

Поврзани новости