Заев го честиташе Илинден од Крушево: Секогаш по дождот иде сонце

by fokus

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, денеска е во Крушево од каде и го честиташе големиот македонски празник Илинден. Тој истакна дека веќе со години во Македонија е наметната една лажна привидна поделба на партизани и комити со цел едната партија да се поврзе со наследството на броците од првиот Илинден, а другата со востаниците од вториот Илинден. Порача дека не постои таква поделба и не постојат два различни идеала, две различни револуции, туку само еден: слободна Македонија во којашто достоинствено ќе живеат сите нејзини граѓани.

-Набргу ќе има и правда и правдина. И право и права. И просперитет и иднина. Идеалите се исти само оружјето е сменето. Некогаш нашите предци битката за слобода ја водеа со пушки со топови. Денес најмоќното оружје е гласот на граѓанинот. Го слушаме тој глас, кренат и бунтовен низ улиците веќе со месеци. Се крена народот против арамиите, а за подобар живот. Многу бргу тој глас ќе се преточи во гласачки ливчиња и во победа на илинденските идеали за слободна, демократска и просперитетна Македонија. Го посетив денеска и гробот на нашиот музички великан од овој град Тоше Проески и сакам да завршам со стих од една негова песна “И секогаш по дождот иде сонце, рече Заев.

Тој порача дека денес, не повикуваме слобода или смрт, туку и слобода и живот, затоа што денес знаеме дека тоа е остварливо.

 

Поврзани новости