Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на 7 мај, Денот на полицијата на Македонија, упати честитка до припадниците на полицијата и безбедносните служби.
– Во име на СДСМ и во мое лично име, ви го честитам денешниот Ден на полицијата во Македонија. Изразувам искрена почит и благодарност до сите професионалци кои во најтешките услови на режим, насилство и обиди за дестабилизација, одговорно и достоинствено работеа и работат во служба на граѓаните на Македонија. Да се биде дел од полицијата и од безбедносните служби е одговорност, но и чест, а за нив се потребни и совест и свест. Сите треба да сме среќни што Република Македонија има професионалци што можат да ги заштитат граѓаните, државните интереси и уставниот поредок на државата и го прават тоа.