МВР повика уште три лица на разговор за крвавите настани во Собранието

by Fokus

Полицијата повикала на разговор уште три лица во врска со немилите настани што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија, вчера и во петокот.

„На 05.05.2017 година на службени разговори биле повикани уште три лица, две од Скопје и едно од Велес. Од страна на Јавниот обвинител била дадена насока, по завршување на потребните проверки и службени разговори, лицата да бидат пуштени од полициска станица, а документираниот доказен материјал за истите, во нареден, претходно договорен, период во просториите на Основното јавно обвинителство да им биде презентиран. По разгледувањето на презентираниот доказен материјал во Основното јавно обвинителство, од нивна страна ќе бидат дадени насоки кога да им се поднесе кривична пријава и на кој начинот ќе се обезбедат истите лица, во смисла дали ќе бидат повикани или ќе бидат лишени од слобода со претходно издадени наредби од Основното јавно обвинителство – се наведува во соопштението на МВР.

Поврзани новости