Костовски: СДС почна да ја спроведува Тиранската Платформа

by Fokus

Спротивно на волјата на народот, спротивно на Уставот, Деловникот и законите на Република Македонија, СДС почна да ја спроведува Тиранската Платформа. СДС имаше обид нелегално да избере претседател на Собранието и направи класично политичко насилство. СДС дозволи албанското знаме да влезе во кабинетот на втората по ранг функција во државата, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС молчи околу најавите на Талат Џафери дека ќе го раководи Собранието на Република Македонија на албански јазик. Нормите се јасни, пратениците да може да се обраќаат на својот мајчин јазик, доколку истиот го говорат над 20% од населението бидејќи тоа е индивидуално право, но кога се води седница, тоа е чин од позиција на претседател на Собрание и во име на институцијата која што ја претставува и затоа единствен службен јазик и официјален јазик на територијата на Македонија е македонски. Со молкот се потврдува стравот на народот дека СДС договорил албанскиот јазик да биде официјален на целата територија на Македонија, само за да се добере до власт, а македонското Собрание да стане трет парламент во регионот каде седниците ќе се водат на албански јазик – истакна Дарко Костовски од ДПМНЕ.

 

Поврзани новости