Заев: Главен фокус ни се економските перспективи, време е да се стави крај на сиромаштијата

by Fokus 14:53
14:53

Македонија трасираше добри перспективи кон ЕУ и НАТО. Тоа го препознаваат сите граѓани, но тоа нема да го почувствуваат веднаш. Затоа главниот фокус на Владата ќе биде на економските перспективи и јас ја барам поддршката на граѓаните заедно со Владата и новите општини по локалните избори Македонија да има подобра економија и да се стави крај на сиромаштијата во земјава, истакна премиерот Зоран Заев.

– Новата политичка клима ја враќа нивната надеж дека се враќа и економската перспектива во Македонија.Трговците очекуваат народот да има повеќе пари,а граѓаните кои се потрошувачи по дуќаните очекуваат навистина да има работа за младите, да има намалување на трошоците и да се враќаат парите кај граѓаните. Тоа е филозофијата на економската перспектива на Македонија – изјави Заев.

- Advertising -

Поврзани новости