362
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Прилеп ги повика сите граѓани утре да бидат дел од граѓански митинг, кој ќе започне во 18 часот, пред Владата.
-Еден голем граѓански митинг, за да повикуваме конечно кон слобода, демократија, правда, за конечно враќање на животот во Република Македонија. Да се присуствува на ваквиот мега настан, каде што сите, буквално, ќе почнеме да ја славиме слободата и да се радуваме на животот кој го враќаме во Македонија. Убеден сум, дека е вредно да учествуваме сите и да бидеме дел од овој голем собир. Ве повикувам, да испишеме заедно убава историја за нашата заедничка иднина, во нашата Република Македонија, истакна Заев.