Груевски: Не е доволно само да победиме, туку и да освоиме 63 пратеници!

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4, Никола Груевски, денеска од Пробиштип повторно побара 63 мандати за, како што рече, конечен крај на политичката криза во земјава.

– Видоа дека ќе изгубат, па сега велат дека разликата ќе биде мала и дека ќе прават голема коалиција. Голема коалиција е само пролонгирање на кризата, а исто така и продолжувањето со работа на СЈО, надвор од законските 18 месеци. Сето тоа е продолжување на кризата со цел да се остварат туѓи интереси. Бараат начин како кога ќе изгубат да ја пролонгираат кризата. Има само еден начин да се излезе од оваа криза, а тоа е поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за 63 пратеници. Не е прашање дали ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, туку да победи со доволен број пратеници за да се излезе од кризата, рече Груевски.

Поврзани новости